недела, 21 август 2011

ПРОЕКТ "РОЏЕР 2011"


ПРОЕКТ "РОЏЕР 2011" - Чудо во Илинден
Не­о­бич­но здание се завршува деновиве во близина на Скопје. Одамна ги прив­ле­ку­ва погледите на сите што поминуваат по автопатот во населбата Илин­ден, покрај мотелот "Белви". "Овој објект е замок за невести и е посветен токму на жената. Секоја же­на се чувствува како принцеза кога ќе стане невеста", вели дизајнерот и биз­нис­мен Зоран Илиев - Роџер, кого го посетивме во неговиот нов објект, на­ме­нет за семејни прослави, свадби, родендени, мини-концерти и за забави, на­ре­чен музичкиот град "Роџер пијано". "Ми се допаѓа проектот 'Скопје 2014'. Но сè во него е веќе видено на друго место. Ова што го работам јас е оригинално, не е копија од минатото. Премногу е комплицирано и да се направи и да се разбере. Луѓето како мене ги разбираат 200, 300 години по нивната смрт, никогаш во времето во кое творат", смета Роџер.
Необично здание се завршува деновиве во близина на Скопје. Одамна ги привлекува погледите на сите што поминуваат по автопатот во населба Илинден, покрај мотелот "Белви". "Овој објект е замок за невести и е посветен токму на жената. Секој жена се чуствува како принцеза кога ќе стане невеста", вели дизајнерот и бизнисмен Зоран Илиев - Роџер, кого го посетивме во неговиот нов објект, наменет за семејни прослави, свадби, родендени, мини-концерти и за забави, наречен музичкиот град "Роџер пијано".

Самиот објект се простира на 600 квадратни метри, а е изграден на локација од 6.000 квардати. Се издига над основата во форма на пијано со столбови од бетон заврзани во панделки. Претставува ода за музиката создадена на ова поднебје. Оградата со скулптури, завртени кон дворот, ја формираат петолинијата од железо со виолински клучеви и ноти на македонските песни "Билјана платно белеше", "Јовано, Јованке", "Калеш Анѓа". Железната порта со срце, кое ќе чука во ритамот на неговиот автор Роџер, ве води во дворот каде што ве пречекува фонтана во форма на картата на Македонија, над која танцуваат две џиновски скулптури на младоженец и невеста. "Не можам да ја проценам точната вредност на објектот, тоа е инвестиција од над 2 милиони евра", вели сопственикот, кому му биле потребни партнер и пет кредити за да го изради објектот. Во него се влегува преку рампа, пред која стои скулптура на гуштер. "Тоа е, всушност, стилизиран змеј, кој е чувар на замокот. Но не е страшен туку нежен, и им посакува добредојде на младоженците", вели Роџер. Рампата завршува со трем, покриен со натстрешник во форма на четирилисна детелинка, над кој има базен. Главната влезна врата, исто така, има форма на детелина со четири листа и, заедно со галеријата која изгледа како потковица која се потпира на 10-те столбови, треба да и донаесат среќа на идната брачна двојка. Откако ќе го поминете просторот кој го фокусира вашето внимание на главната сала, доаѓате до средишниот дел на подиумот за играње, поплочен со црни и бели плочи, наредени како шаховско поле. Тој завршува со апсида, покриена со купола во висина од 9 метри, осветлена со илјадници кристали на раскошниот лустер кој доминира во просторот со тробродна базиликална форма. "Црно-белите шаховски полиња на подот, кои се повторуваат и во објектот и на партерот, се сретнуваат и во модерните и во класичните ентериери. Шахот е игра која симболизира и мудрост и војна во исто време. А токму тоа ви е потребно во бракот да бидете мудри, но и подготвени на војна", објаснува Роџер. Во ентериерот има многу детали во златна, розова, сина и во зелена боја. Погледот ви го крадат клавирските типки кои формираат квадрати на плафоните под галеријата, капителите со сонца, асамблежите од остатоци на дрво и камен, кои Зоран ги обликувал во форма на слики на медуза и на Александар Македонски. Петолинијата како мотив се повторува и во ентериерот - под сводот, на ѕидовите, на каскадите на плафонот. Веднаш се забележуваат и ѕидовите тапацирани, не со ткаенина туку со форми од бетон со тексура на кожа од жирафа кои се , исто така, дело на Роџер.
До галеријата со сепареа стигнувате по гламурозни скали, поставени лево и десно од подиумот. Имаат оригинални брановидни држачи од дрво, посебни за деца и за возрасни.
"Денес е навистина тешко да измислиш нешто ново. Да направиш еден шраф кој не постои е потешко отколку да ископираш било што. Вакви двојни држачи не можете да сретнете никаде во светот. Тие се моја креација", кажува Роџер, кој своите иновации ги опишал во книгата насловена "Роџер Пијано - прв дел", која треба да излезе од печат деновиве, а ќе биде промовирана на 17 септември, датумот кога официјално ќе биде отворен објектот. Десетте сепареа каде што можат да се сместат 390 гости, содржат посебни помошни барови и балкони за пушачите. Наменети се за ВИП гости кои во објектот влегуваат преку пасаж, директно од автомобил. Декорирани се со слики, колажи, со огледала. На една страна има релјеф кој покажува од каде доаѓа клучот на светот, на другата страна слика на дланката на Роџер која го држи светот, осветлен со рефлексијата на сончевите зраци од алшарскиот камен.
Во објектот има уште еден салон, наменет за помали собири, сместен во приземјето, кој изгледа како кралска визба. Украсен е со кружни релјефи со коњи и жени во сина боја, кои се согласуваат со сликите на ангелите на плафонот и со мозаиците од камен на подот. Овде атмосферата е поинаква, но исто така гламурозно како и на горните катови.
Роџер вели дека шеснаесет месеци траела неговата непрекината борба да ги скроти бетонот, дрвото, каменот, стаклото, железото. Се е работено без однапред утврден план и цртеж.
"Секогаш работам според интуиција, не знам каков ќе биде крајниот резултат. Сликам, вајам, правам палапи за скулптури од цемент, бетон и од гипс, декорации со мозаици, мостри за железни и дрвени огради. Ми се допаѓа проектот 'Скопје 2014'. Но се во него е веќе видено на друго место. Премногу е комплицирано и да се направи и да се разбере. Луѓето како мене ги разбираат 200, 300 гидини по нивната смрт, никогаш во времето во кое тие творат", смета Роџер. Бидејќи изведбата на комплицираните детали бара голема техничка умешност, морал самиот да ги обучува мајсторите. 

"Сите сметаа дека е невозможно да се изведе она што го барав. Ваков објект никаде не постои", објаснува Зоран, кој формирал четири школи за мајстори. "Објектот наликуваше на вистински мравјалник со 120 луѓе што работеа непрекинато. Јас работев во три смени, не јадев речиси ништо оти немав време", кажува Зоран, кој неговите објекти ги посветува на сопругата Ане, со која моментално го чекаат нивното четврто дете. Роџер како дизајнер го привлече вниманието на јавноста со изведбата на ентериерот на неговата куќа, лоцирана покрај домот на АРМ, која ексклузивно беше претставена во јавноста пред пет години. Куќата која сеуште нонстоп има посетители, претежно странци, дел од архитектите ја нарекоа кич, а други оригинално дело со авторски печат, слично на делото на Антони Гауди и Хундерт Васер.



Повеќе слики на Facebook
Description

Нема коментари:

Објави коментар