„Рамен и цевчест“ објект бил забележан на околу пет километри од местото Бути во Внатрешна Монголија, која е дел од Кина. Зачудените официјални лица изјавија дека објектот се движел во круг околу аеродромот, по што исчезнал. Контролата на воздушниот сообраќај во престолнината на Внатрешна Монголија, Хуту, го забележала НЛО-то. Меѓутоа не можеле да воспостават радио контакт со авионот и веднаш го повикале аеродромот во Бути.
- За да се гарантира безбедноста, авионот мораше да слета на друг аеродром, во спротивно ќе дојдеше до судар, истакна локален официјален претставник. Три авиони од Пекинг и Шангај биле пренасочени кон најблиските аеродроми. Од почетокот на годинава ова е трето по ред мистериозно забележување на НЛО, поради што се затворени кинеските аеродроми. Некои експерти сметаат дека тоа е доказ за постоење на ново кинеско летало.
Превземено од: Сител Телевизија
Нема коментари:
Објави коментар