Познат како коро, овој јазик се разликува од другите јазици на семејството во кое што припаѓа, јави Би-Би-Си.
Јазикот коро го открија тим на лингвисти во текот на експедицијата во државата Аруначал Прадеш, во североисточниот дел на Индија, која е започната во рамките на проектот на списанието „Нешанал Географик“ за зачувување на загрозените јазици.
Истражувачите бараа други две помалку познати јазика кои исклучително се зборуваат во едно тесно подрачје.
Додека ги слушале тие јазици, пронашле и трет јазик кој им бил целосно непознат и кој никогаш порано не бил регистриран. Лингвистите заклучиле дека коро се разликува од другите јазици во тоа подрачје.
Го поврзуваа со тибетанско-бурманскиот семеен јазик кој опфаќа околу 150 јазика што се зборуваат во Индија. Научниците, меѓутоа, не успаа да пронајдат ниеден друг јазик кој бил сличен на корото во таа група. Се верува дека на околу половина од 6.909 познати јазици во светот, а меѓу нив е и коро, денес им се заканува опасност од исчезнување.
Коро јазикот го зборуват меѓу 800 и 1.200 луѓе.
Превземено од: Сител Телевизија
Нема коментари:
Објави коментар