вторник, 12 октомври 2010 г.

Оброкот на мекдоналдс не се распаѓа и по 6 месеци

Иако на прв поглед овој Хепи Мил од Мекдоналдс изгледа прилично свежо сепак тој е стар шест месеци.

Сели Дејвис е уметник од Менхетн и таа го фотографирала вкусниот оброк на Мекдоналдс секој ден во период од шест месеци и тој воопшто не се распаднал ниту пак фатил мувла.
Проектот покажува дека оброкот за деца од Мекдоналдс едноставно им пркоси на силите на природата.
Сендвичот и помфритот таа го оставила на полица во својот стан, и тој воопшто не бил привлечен ниту за нејзините кучиња кои не се обидувале да го пробаат.

- Го купив оброкот на 10-ти април годинава за да ги следам промените. Мекдоналд беше случаен избор, зошто тие ми беа најблиску. Инаку сакав да купам било каков сендвич зошто проектот се однесуваше на брзата храна во Њујорк- објаснува 57-годишната Сели.

Таа уште вториот ден забележала дека експерименталниот оброк го загубил мирисот и кучињата повеќе не се интересирале за него.
Госпоѓа Дејвис секој ден очекувала да се појават првите знаци на распаѓање на јадењето, за да направи уметничко дело и била прилично изненадена кога и по две недели немало ниту мувла ниту било каква друга промена.

Помфритот само малку се собрал како и плескавицата и лепчето, но тоа било се и така останало и во наредните месеци.
- Сега по шест месеци, оброкот само е толку пластичен на допир и тврд како камен. Јас инаку сум вегетаријанец па овој експеримент пред се ми е занимлив, но не и страшен. Ме зачудува тоа што и земичката не фати мувла -  вели Дејвис.
Инаку портпаролот на Мекдоналдс Данја Прауд веднаш реагираше: “Тврдењата дека нашите производи не се биоразградливи се комплетно неточни”.

Овој експеримет доаѓа откако една друга загрижена Американка Џоан Брусо од Денвер го остави Хепи милот да се распаѓа година дена за потоа да ги објави нутритивните опасности од брзата храна.
Во 2004 година Морган Сперлок направи филм насловен “Јас преголемиот” во кој ги следеше промените на своето тело хранејќи се 28 дена само со брза храна.
Марина Дамческа

Нема коментари:

Објави коментар