28.05.2010 - 11:26
На блоговите и во странските таблоиди во текот на ноќта се појави веста дека познатиот глумец и продуцент Том Круз починал на Нов Зеланд.
Кусата информација дека е пронајден мртов многу брзо стана хит на интернет и сите медиуми почнаа да истражуваат околу шокантната вест. Според информациите објавени на голем број блогови и во таблоидите Том Круз бил на патување во Нов Зеланд, каде починал под непознати околности. Некои претпоставуваа дека се самоубил, додека други пишуваа како загинал во трагична несреќа. Но, според последните информации, Том Круз е жив и здрав и гласините за неговата смрт не се вистинити. Наводно, 46 годишниот актер изјавил дека се шокирал кога видел како информацијата за неговата смрт се шири на интернет. - Информацијата за смртта на Круз е чиста глупост. Тој воопшто не се наоѓа на Нов Зеланд, ниту пак бил во последно време. Веста за неговата смрт е обично ѓубре, изјави портпаролот на актерот, Џеф Рејмонд. Пред две години на истиот начин се појавија и информации за смртта на актерот Том Хенкс, кои за среќа беа невистинити, како и информациите за смртта на познатиот Круз.
Нема коментари:
Објави коментар