четврток, 7 октомври 2010

Откупната цена на оризот ќе остане на ланското ниво

Цената на 38 денари за килограм бел ориз, според нив самоволно ја спуштиле некои од откупувачите.
„Сметам дека е сосем реално да се почитуваат берзанските цени и да се движи откупната цена во рамките на минатогодишната“, вели Љупчо Димовски, Министер за земјоделство. „Ние првично разговаравме цената на оризовата арпа да биде 25 денари, а белиот ориз од 50 до 55 денари“, вели Стојанче Атанастасов. Министерството за земјоделство и дополнително ќе го штити домашниот ориз и ќе предложи мерка, слична како и кај пченицата, за условување на увозот со откуп и на домашен ориз. „За еден килограм увезен ориз да се има обврска да се откупат четири килограми домашен ориз, од македонско производство, од овогодинешната жетва“, вели Димовски. Тој ги повика и откупувачите да се пријават во пазарната инспекција и да започнат со склучување договори, а најави и зголемување на субвенциите за оризот од наредната година. Инаку во кочанско, виничко и штипско под ориз се засеани 3800 ха, од кои се очекува околу 24.000 тони ориз.
Превземено од: А1 Телевизија

Нема коментари:

Објави коментар