Силна светлост била забележана и од луѓе во северна Македонија и југоисточно Косово. Како што јави РТС, дел од метеор паднал во селото Сушевље во реонот на Грделичката клисура. Очевидци тврдат дека виделе светлечки објект како паѓа кај Сараевскиот мост на влезот во Грделичката клисура. Светлоста била заслепувачка, проследена со силен татнеж. Региноналните центри за информирање во Ниш и во Врање, пак, соопштија дека станува збор за метеор што го пробил звучниот ѕид над Сурдулица и продолжил кон Бујановац во делот меѓу Србија, Македонија и Косово, но не се знае дали завршил на земјата или се распаднал во воздух. Милан Јелиќ од астономското друштво „Руѓер Бопшковиќ“ од Белград за српските медиуми изјави дека е можно на небото на јужна Србија да бил забалежан болид, небесно тело кое е посветло од планетата Венера и кое при распаѓањето создава звучни ефекти.
Нема коментари:
Објави коментар