сабота, 13 ноември 2010 г.

Младоженец го запалил хотелот во кој правел свадба

Младоженец го запалил хотелот во кој правел свадбаМладоженец го запалил хотелот во кој правел свадба

Околу четвртина од британскиот замок Пекфортон изграден во 1840 година во готски стил и претворен во ексклузивен хотел во кој се оддржуваат луксузни венчавки, вчера изгоре во пожар откако младоженецот поради конфликт околу сметките со персоналот на хотелот во средината на ноќта подметнал пожар.
Наместо да уживаат во свеченото случување во луксузниот објект, гостите морале да бидат евакуирани, а 100 пожарникари повеќе од 12 часа се бореа со огнената стихија, додека младоженецот е приведен во полиција.
Поради дрвените греди, подовите и ламперијата пожарот беше многу силен.
Благодарејќи на дебелите ѕидови, основната конструкција на зградата сепак не се урнала. Штетата од пожарот се проценува околу милион фунти (1,13 милиони евра).
Дворецот е познат и по снимање на филмовите „др Ху“ и „Робин Худ“.

Нема коментари:

Објави коментар