недела, 26 февруари 2012 г.

На денешен ден, 26 Февруари, пред 64 години во малото гратче Богданци се роде најголемиот човек! Човекот кој ги освои и стопли сите Македонски срца со својот лик во НЕЗАМЕНЛИВИТЕ Македонски неродни приказни, серија која го порасна секое дете. Приказните беа секојдневно расположение кое му се пружеше на луѓето, беа толку прифатени и блиски за народот, едноставно носеа некоја магија со себе! Несомнено, најголем дел од магијата се должеше на исклучителната харизма на големиот Ѓорѓи Колозов. Не заради што го толкуваше главниот лик, туку затоа што на секоја улога му даваше вистинска душа, знаеше како најубаво и најприродно и најпосебно на свој единствен начин да ја одглуми. Со тоа нешто Ѓорѓи го достигна епитетот ЦАР, не заради тоа што најчесто играше како Цар, туку затоа што беше ЦАР во секоја смисла на зборот! ЗНАЕШЕ ДА ГЛУМИ: ЦАР, ГОСПОД, ЧОРБАЏИЈА, КАДИЈА, СИРОМАВ, ПИТАЧ, ПОП, ЃАВОЛ, СВЕТИЈА, К'СМЕТ, ИНАЕТЧИЈА, ШПАРАЏИЈА.СО САМАТА СВОЈА ПОЈАВА И ГЛАС ОСТАВИ НЕИЗБРИШЛИВ СПОМЕН КАЈ МАКЕДОНСКАТА ПУБЛИКА. СЕКОЈА ПРИКАЗНА ЗАВРШУВАШЕ СО НЕГОВИОТ ПОСЕБЕН И МИЛОЗВУЧЕН ГЛАС, ДАВАЌИ ЈА ПОРАКАТА, КАКО ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ ДОБАР И ЧЕСЕН ВО ЖИВОТОТ. БЕШЕ РОДЕН, ДА БИДИ СЛАВЕН И САКАН, А НИЕ СМЕ ПОНОСНИ И ГОРДИ ШТО ГО ИМАВМЕ! ШТО ИМАВМЕ ЧОВЕК СО КОЈ МОЖИМЕ ДА СЕ ГОРДЕЕМЕ. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!! ЛЕГЕНДА КОЈА ЕДНАШ СЕ РАЃА, А НИКОГАШ НЕ УМИРА! СО ПОЧИТ!

Нема коментари:

Објави коментар