Научниците открија побрз начин на запишување на хард дисковите.
Во последните неколку децении се зема здраво за готово дека за снимање
на податоци на магнетен медиум е потребно магнетно поле. Неодамна, сепак
меѓународен тим научници откриле дека наместо тоа за целта може да се
користи топлина, пишува весникот Gizmag.
Според истражувачите
овој метод е енергетски поефикасен од досега користените. Освен тоа,
преку него, во теорија просторот за складирање на податоци се зголемува
десет пати, а продуктивноста на сегашните хард дискови - над 300 пати.
Во
принцип, хард дисковите работат преку магнетно поле што го врти
поларитетот на магнетните домејни на површината на дискот. Колку посилно
е полето, толку побрзо се запишуваат податоците. Според новата студија,
тоа вртење може да се постигне и со примена на ултра-кратки импулси од
топлина во форма на ласерски зраци. Оваа акција овозможува снимање на
податоци, еквивалент на 200 GB во секунда.
"Овој револуционерен
метод овозможува снимање на терабајти информации во секунда, стотици
пати побрзо од сегашната технологија", вели Томас Остлер од
Универзитетот во Јорк, кој раководи со проектот. Бидејќи нема потреба од
магнетно поле, има и помала потреба од енергија. Новата технологија
можеби дури и ќе користи топлина, креирана од компјутерите при нормална
работа.
Нема коментари:
Објави коментар