недела, 12 февруари 2012 г.

Популарната поп пејачка Витни Хјустон почина ноќеска на 48-годишна возраст во хотелот „Беверли Хилс“ во Лос Анџелес.

Претставник на Полицициската управа на Лос Анџелес информира дека Хјустон починала во 15:55 минути по локално време (55 минути по полноќ средно европско време).
Причините за смртта засега не се познати, но е утврдено дека на нејзиното тело нема докази за насилство.
Последниве години Хјустон имаше порблеми со дрога, што влијаше врз нејзината дотогаш успешна кариера.
Витни Хјустон почина на ден пред овогодишната церемонија на доделување на музечките награди „Греми“ и тоа во истиот хотел во кој се одржува забавата по манифестацијата.
Хјустон во текот на 80-те и 90-те години на минатиот век со своите песни беше на врвот на музчиките топ листи, а настапи и во неколку филмови, меѓу кои највпечатлива беше нејзината улога во „Телохранител“ каде партнер и беше Кевин Костнер. Има освоено шест Греми награди, издаде седум албуми и има продадено околу 170 милиони носачи на звук и видео спотови.
Нејзината кариеа почна да оди по надолен пат, откако се омажи за раперот Боби Браун, по што започнаа нејзините проблеми со наркотиците. Медимите објавуваа дека Хјустон користела кокаин, марихуана и екстази.

Нема коментари:

Објави коментар